На 28.01.2021, при спроведени контроли во сообраќајот, Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид регистрира две лица кои вршат јавен такси превоз на патници без да поседуваат соодветна лиценца за таква дејност издадена од надлежен орган. На бул.„Туристичка“ во Охрид затекнато е патничко возило „сеат“, со струшки регистарски ознаки, управувано од лице од Струга, а на стариот регионален пат Охрид-Струга, при нелегален јавен такси превоз на патници, со патничко возило „нисан“, со струшки регистарски ознаки, затекнато е лице од струшкото с.Радолишта. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.