Во последните 24 часа се направени 2107 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 161, Кавадарци – 34, Охрид – 23, Тетово и Прилеп – по 15, Струга – 14, Куманово – 12, Гевгелија – 11, Гостивар и Делчево – по 9, Велес и Кочани – по 7, Струмица и Неготино – по 6, Битола, Берово, Кичево и Виница – по 5, Штип и Радовиш – по 4, Крушево – 3, Ресен, Крива Паланка, Пробиштип и Кратово – по 2, Свети Николе, Богданци, Демир Капија, Македонска Каменица и Дојран – по 1, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Регистрирани се 638 оздравени пациенти од: Скопје – 328, Куманово – 44, Велес – 41, Тетово – 37, Струмица 31, Гостивар – 20, Кавадарци – 18, Штип – 14, Прилеп, Кочани и Битола – по 12, Гевгелија и Дебар – по 11, Охрид – 8, Кичево – 7, Делчево и Неготино – по 5, Радовиш – 4, Берово, Свети Николе и Валандово – по 3, Струга, Кратово и Богданци – по 2, Виница, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.
Пријавени се вкупно седум починати лица. Починати се двајца пациенти од Скопје (72г и 84г) и по еден смртен случај е регистриран од Тетово (73г), Велес (48г), Охрид (65г), Кичево (65г) и Дебар (80г). Шест пациенти се починати во болнички услови и еден во домашни услови.
Направените 2107 теста се преку: ИЈЗ-445, ЦЈЗ Скопје-76, Авицена-197, Биотек-142, Жан Митрев (Филип Втори)-106, Систина-164, лабораторија Лаор–144, МАНУ-101, Судска медицина-2, ЦЈЗ Битола-71, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-5, ГАК-0, Синлаб-33, Ремедика-22, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 593, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-5, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 463.957 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93.882, бројката на оздравени пациенти е 83.424, на починати е 2.900, а бројот на активни случаи изнесува 7.558.