Од опозициската партија велат дека во време кога се негираат македонската историја и улогата на Делчев, наместо неговото раѓање да биде одбележано од највисоки претставници на Владата, делегацијата ја предводел заменик-министер
ВМРО-ДПМНЕ ѝ забележува на Владата за одбележувањето на 149-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
Од опозициската партија велат дека во време кога се негираат македонската историја и улогата на Делчев, наместо неговото раѓање да биде одбележано од највисоки претставници на Владата, делегацијата ја предводел заменик-министер.
„Тоа покажува каков понижувачки однос има владата на Заев кон ликот и делото на Гоце Делчев. Во време кога се негираат македонската историја и значењето на Делчев за македонската држава и македонската историја, Владата, наместо да испрати највисока делегација, овој ден го одбележува со испраќање на заменик министер за локална самоуправа. Тоа само покажува дека нема ништо свето за оваа власт на Заев. Да потсетиме дека високи државни функционери од СДСМ веќе го прогласија Гоце Делчев за Бугарин, Заев самиот изјави дека македонскиот апостол не се борел само за Македонија, за сега во ваков чувствителен момент да не го одбележат достојно денот на неговото раѓање. Македонија ја води анационална власт која, освен со државните и национални интереси, тргува и ја погазува македонската историја“,велат од ВМРО-ДПМНЕ.