Ако, ги земеме во предвид ноторните факти, дека Египканите се втори по бројност во градот Охрид, втори по бројност во Ресен, една солидна бројка во Струга, Дебар, Кичево, Битола, во Струмичко, во Скопско и низ цела територија на Македонија, како и тоа ако се земе во предвид Извештајот на УНХЦР и нивните истражувања најзагрозени и бездржавјанство во државата се Ромите, Ашкалиите и Египќаните како и ромските децата, како и многу Египкани, коипоради негрижа на системот, се декларирале како припадници на други етникуми, како и интерните сознанија кои ги имаме од терен, крајно некорекно, неправедно и деградирачки е, да прифатиме Попис со декларирани 20.000 Египкани, бидејки , сосема евидентно е дека во Македонија има најмалку 25.000 Египкани.
За да добиеме еден реален, објективен и кредибилен Попис, кога и тој да се одржи, прво треба да се исполнат нашите барања за интегрирање на Египкани во Пописните Комисии, Инструктори и попишувачи и второ , максимална подршка од сите надлежни органи, бидејки ние сме мала и ранлива етничка заедница.
За таа цел, планираме да реализираме средба со Директорот на Државниот завод за статистика, а исто такаи со Амбасадите на мисијата на ЕУ, Германија, Франција, Италија, како и со мисијата на ОБСЕ.
Ова, не се избори, ова е Попис, кој е од исклучително значение за нас Египканите, и по однос на тоа прашање Египканите се сплотени и не очекува заедничка легитимна борба, а се со цел да се прикаже реална слика,за тоа колку Египкани има во Македонија.
Со Почит ; Дипл.правник Демир Далип