Двајца лекари гинеколози се суспендирани на битолската Гинекологија откако едниот од нив ја повикал својата сопруга која инаку е странски државјанин и невработен гинеколог да учествува во изршување на породување со царски рез. Извори за „Независен“ велат дека еден од гинеколозите за време на породувањето ја внесол својата сопруга и целата работа со породувањето и ја оставила на неа. Овој скандал според информациите на „Независен“ се случил во почетокот на јануари, оваа година.
Од СВР Битола за „Независен“ неофицијално го потврдиле случајот и изјавиле дека се подготвуваат кривични пријави за двајцата гинеколози.
Текстот во целост на:„Независен“
фото: „Независен“