Премиерот Зоран Зев дал насоки да се направи нарачка од 100 илјади дози од руската вакцина „Спутник“.
„Синоќа доцна добив информација од министерот за здравство Венко Филипче дека имаме капацитет, согласно склучените договори и платените, да направиме нарачка од 100.000 дози од следна вакцина, со што би го надополниле севкупниот план, и не би останале вишок вакцини. Да одговорам на прашањето дали би нарачал од „спутник“ да, дадов насоки, да се направи од таму нарачка,“ изјави Заев при посетата на Пробиштип.
фото: Архива