Џафери: Локални избори треба да се одржат на 3-ти,10-ти или 17-ти октомври.

Локалните избори во Северна Македонија треба да се одржат на 3-ти, 10-ти или 17-ти октомври, соопшти денеска на средба со новинарите претседателот на Собранието Талат Џафери.

Џафери предупредува дека доколку дојде до тоа паралелно да се одржуваат предвремени парламентарни избори, треба да се има предвид како тоа ќе се одрази на роковите за техничката влада, за кампањата и за увидот во избирачкиот список и како ќе се одрази врз работата на ДИК и соодветните институции.

Инаку  локалните избори треба да се распишат деведест дена претходно односно во јули, а најдоцна на 1 август.