Кинеските вакцини пристигаат многу брзо, во моментов ги финализираме деталите. Авансот за вакцината Синофарм го повлeковме за наша сигурност, но тоа не значи дека вакцините нема да стигнат. Во однос на вакцините преку КОВАКС механизмот, тоа што го имаме добиено како информација од нив е дека 20 до 30 илјади вакцини ќе стигнат во првиот квартал од производителот Астра Зенека. Вакцинацијата со Фајзер одлично се одвива и околу 2400 здравствени работници се веќе вакцинирани. Следната недела бројката ќе достигне до 4000 и вакцина ќе примат сите здравствени работници кои работат со Ковид пациенти.
fb/ Венко Филипче