Средба со директорот на ДЗС Апостол Симески со Професор Д-р Рубин Земон во врска со Пописот 2021 и надминување на некои нејаснотии поврзани со помалкубројните заедници, особено со “другите” и заедницата на Египќаните
Директорот на ДСЗ Апостол Симески го прими на работна посета д-р Рубин Земон, на која се разговараше за Пописот на населението, становите и домаќинствата. На средбата се потенцираше дека од успешноста на ова операција зависи успешното планирање на развојот на земјата. Исто така ги повикуваат сите граѓани слободно да го изјаснат нивниот етнички, религиозен и јазичен идентитет, врз основа на нивната свест и припадност. Особено се охрабруваат припадниците на помалкубројните заедници да го искористат ова уставно загарантирано право. Д-р Рубин Земон како Египќанец особено ги охрабрува тоа го сторат припадниците на египќанската заедница.