Иселениците пријавија многу проблеми со апликацијата за попишување

Многумина од иселениците кои се обидоа да се попишат на апликацијата пријавија повеќе проблеми, но и нејаснотии околу прашањата и полињата за пополнување. Необични прашања како место на живеење на мајката кога се родило лицето кое се попишува и последната адреса на живеење во Македонија пред да се исели, а станува збор за лица кои не се родени во земјава. Некои од нив му беа посочени на директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симевски за време на неговото гостување во Топ Тема на Телма.

СЕ БАРА ДА СЕ ВПИШЕ ПОСЛЕДНАТА АДРЕСА НА ЖИВЕЕЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА, НА СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО. ПРЕТПОСТАВУВАМ ДЕКА КАЈ ГОЛЕМ БРОЈ СЕМЕЈСТВА ДЕЦАТА ИМ СЕ РОДЕНИ ВО СТРАНСТВО И НЕ ЖИВЕЕЛЕ НИКОГАШ ВО МАКЕДОНИЈА, И НЕ МОЖЕ ДА ЈА ВНЕСАТ ПОСЛЕДНАТА АДРЕСА НА ЖИВЕЕЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА. А ИСТО ТАКА СЕ ПРАШУВА КОГА ТОА ЛИЦЕ ЈА НАПУШТИЛО МАКЕДОНИЈА. НА ПРИМЕР СИН МИ НИКОГАШ НЕ ЈА НАПУШТИЛ МАКЕДОНИЈА, ТУКА Е РОДЕН И НЕМАЛ ОПЦИЈА ДА ЈА НАПУШТИ МАКЕДОНИЈА. ТОА Е НЕЈАСНОТИЈА КОЈА ШТО МИСЛАМ ДЕКА МОЖЕ ДА СЕ ПОПРАВИ, ЗАТОА ШТО СЕГА ЈАС СУМ ВО СИТУАЦИЈА ДА ВНЕСАМ, АКО МОЖЕ ТАКА ДА СЕ НАРЕЧЕ, ЛАЖЕН ПОДАТОК ЗА АДРЕСАТА НА МОЕТО ДЕТЕ ИЛИ ПАК ДА НАВЕДАМ ПОГРЕШНА ГОДИНА КОГА ЈА НАПУШТИЛ, ЗАТОА ШТО НИКОГАШ НЕ ЈА НАПУШТИЛ, ТОЈ САМО ЈА ПОСЕТУВАЛ, ВЕЛИ НОВИНАРОТ ЗОРАН СТЕВАНОВСКИ КОЈ ПОВЕЌЕ ГОДИНИ ЖИВЕЕ ВО ЛОНДОН.

Местото на раѓање, односно, како што стои во заграда, место на живеење на мајката кога детето се родило, според Симевски е поставено како прашање затоа што најчесто адресата на местото на раѓање е различна од адресата на живеење.

СЕГА ПОРОДУВАЊАТА НАЈЧЕСТО СЕ СЛУЧУВААТ ВО БОЛНИЦА. И СЕГА АКО СТЕ ВИЕ НА ПРИМЕР, ЖЕНАТА КОЈА ШТО СЕ ПОРОДИЛА, ЖИТЕЛ НА СТАЈКОВЦИ, КОЈА СЕ ПОРАЃА ВО СКОПЈЕ, НА ДЕТЕТО МУ СТОИ ДЕКА Е РОДЕНО ВО СКОПЈЕ. МЕЃУТОА НИКОГАШ НЕ ЖИВЕЕЛО ВО СКОПЈЕ. МАЈКАТА ЖИВЕЕЛА ВО СТАЈКОВЦИ КОГА ДЕТЕТО Е РОДЕНО И ТОА СЕ СМЕТА ЗА ВИСТИНСКО МЕСТО НА РАЃАЊЕ БИДЕЈЌИ ГО ЛОЦИРАМЕ СЕКОЕ ЛИЦЕ СО АДРЕСА. ВО ОВОЈ СЛУЧАЈ ТРЕБА ДА ИМА СЕЛИДБА, АКО СТЕ РОДЕНИ ВО СКОПЈЕ А ЦЕЛ ЖИВОТ ЖИВЕЕТЕ ВО СТАЈКОВЦИ, ВИЕ НЕКОГАШ СТЕ ТРЕБАЛЕ ДА СЕ ДОСЕЛИТЕ ВО СТАЈКОВЦИ. ЗБУНУВАЧКИ ДЕЛУВА, НО ТАКА Е. СЕ РАЗЛИКУВА МЕСТОТО НА РАЃАЊЕ СО МЕСТОТО НА ЖИВЕЕЊЕ, ВЕЛИ СИМЕВСКИ.

Симевски рече дека сите конзуларни претставништва имаат отворено линии каде што може да се поставуваат прашања за информации и да се решаваат ваков тип на проблеми. Тој потенцира дека има рок од 52 денови за пополнување на оваа апликација и има доволно време за да се исправат ваквите пропусти.