Вечерва Љубчо Георгиевски во „24 Анализа“ тврдеше дека македонизам не постои во 9-ти век, браќата Кирил и Методиј, и Наум и Климент се Бугари, не Македонци. Дури посочи дека македонската историја се гради на лаги.
„Ние измислуваме приказни кои не постојат. Кој народ што зборувате? Ние со секоја лага градиме македонска историја. Пилињата, а не професор по историја, знае дека државата на Цар Самоил се викала Бугарија“, рече Георгиевски.
Георгиевски рече дека македонската историја е заснована на фантастични приказни и лаги.