Уште една успешна акција на МВР. Полицијата прекина уште еден канал за меѓународен шверц, овој пат на хашиш, кој од Албанија преку Македонија требало да заврши во Турција.
Нашата полиција, според извори на порталот Центар упатени во истрагата, каналот го пресекла на граничниот премин Деве Баир, а приведен е и албански државјанин.
Од МВР детали за акцијата најавуваат за утре.
фото: Архива