Египќаните конечно влегуваат во преамбулата на Уставот

Денес премиерот Зоран Заев најави дека ќе се отвори Уставот и ќе има измени во делот на помалите етнички изаедници кои ќе влезат во уставната преамбула. Интересно е за Охрид тоа што тој најави дека во преамбулата ќе влезат и Египќаните, како и Тробешите.

На прашање дали ставот на министерот Бујар Османи дека Бугарите ќе бидат внесени во Уставот, е став и на Владата, Заев надополни дека не само за Бугарите, туку во Уставот ќе влезат и другите етнички заедници.

„Од секогаш ставот на владата било дека пред влезот на ЕУ мора да го отвориме Уставот. Една од причините се помалубројните заeдници кои живеат тука и треба да се внесат. Тоа го направи Хрватска пред влезот. Имаме спремност, не само за Бугарите, туку и за Хрватите, Торбешите, Египќаните, Австријците, Романците и други кои и да ги имаме од помалубројните етнички заедници. Ние сме отворено општество, европска земја и ќе го следиме примерот на европските земји“, изјави Заев.

https://www.facebook.com/watch/?v=935595080548695