Согласно мерките и активностите за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус) донесени од Владата на Република Северна Македонија и Одлука за забрана за движење на населението и на возилата од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 22:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, почнувајќи од 10 март 2021 година (среда) до 22 март 2021 година (понеделник), Министерството за труд и социјална политика известува дека жртвите на семејно насилство кои имаат потреба од помош, поддршка и заштита од семејно насилство најпрво да се јават на Националната бесплатна мобилна СОС линија за жртви на семејно насилство 070/075/077 141 700 која обезбедува 24 часовна точна, навремена и доверлива информација за заштита на жртвите, достапните услуги и телефонско советување на жртвите на родово базирано насилство и семејно насилство или да побара помош на мобилната апликација BE SAFE .
Апликацијата за помош и поддршка на жртвите на насилство „Биди безбедна”, достапна на три јазици: македонски, албански и ромски. Преку оваа апликација на семејно насилство и родово базирано насилство брзо и едноставно да побараат помош и поддршка, без разлика на времето и местото на кое се наоѓаат кога се во опасност или кога сакаат да имаат потреба од поддршка.
Преку следните линкови може да ја спуштите апликацијата на секој паметен телефон.
Андроид: https://play.google.com/store/apps/details?id=budi.sigurna.mk&hl=en_US
МТСП и останатите институции координирано постапуваат и преземаат конкретни мерки за заштита на жртвите согласно законските надлежности за итно и должно постапување и за време на полициски час. Стручните лица од центрите за социјална работа имаат дозвола за непречено движење и за време на полициски час, со цел жртвите да ја добијат потребната заштита и поддршка.
Сите кои сакаат да пријават насилство тоа треба да го сторат и за тоа не им е потребна посебна дозвола. Тие непречено можат да се движат до најблиската полициска станица.
Ги охрабруваме сите жени кои се соочуваат со каква било форма на родово базирано насилство или семејно насилство да пријават на 192, СОС линиите, во центрите за социјална работа или најблиската полициска станица. Институциите даваат највисок приоритет на пријавите на родово базирано насилство или семејно насилство и ги превземаат сите мерки за заштита на жртвите.
Линк за контакт на ЦСР: http://www.mtsp.gov.mk/institucii.nspx