Деби од соништата за новиот селектор Кире Лазаров.
Македонија го изненади светскиот првак Данска со 33-29 (полувреме 17-13) во СЦ “Борис Трајковски” и речиси со една нога е пласирана на Европското првенство.
Најдобри кај стрелците кај Македонија беа Манасков, Талески и Кузмановски со 5 гола, а Стоилов и Лазаров постигнаа 4 гола, Никола Митревски натпреварот го заврши со 13 интервенции.
Кај Данците најдобар стрелец беше Хансен со 11 гола, а Менсах Ларсен постигна 4.