Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес конференција истакна дека назначен е нов директор на струшката болница.
– Формирав нова комисија и сега треба да се направи комисија во стручниот дел, а денеска за нов директор на струшката болница е назначен Арменд Арслани, поранешниот заменик министер за здравство- рече Филипче.
Тој уште еднаш потенцираше дека ќе почека се да се заврши а потоа да даде коментар.
фото: Архива