Две млади родилки починаа како последица на корона , откако биле породени на ГАК во Скопје .
Едната родилка била донесена од Инфективната клиника, а потоа префрлена на КАРИЛ поради влошување на состојбата.
Другата пациентка во тешка состојба високо фебрилна на 10-ти е породена, а на 14-ти префрлена на „8-ми септември“ поради нагло влошување на состојбата.
Едно бебе е недоносено, односно породено во 30тата недела, сега е поставено на респиратор и докторите се борат за живот.