-За потребите на пописот формиравме национален блок во кој членуваат 20 субјекти, „Единствена Македонија“ и 19 граѓански здруженија. Ние настапувавме под слоганот „Не отворам врата“ од друга страна владата имаше кампања „Тука живеам, постојам, одлучувам“. Официјално во државата имаше две кампањи една владина и една од националниот блок. Се појавија и други иницијативи кои беа копии на нашата иницијатива. Најважно е што пописот не успеа и сите ние се изборивме пописот да се одложи, вели за NEWS1, Претседателот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев.
Бачев уште еднаш образложи кои беа целите на Националниот блок за одложување на пописот:
-Имавме две цели поради кои ние го формиравме националниот блок „Не отворам врата“ . Првата е затоа што според постојниот законик пописот ќе се фалсификуваше. Ние според овој закон немаме статистичка операција која треба реално да го преброи населението, туку имаме политички попис. Тоа што Заев го кажува дека нашиот попис е усогласен со ЕУРО Стат, Евростандардите, од Европската унија – лаже, лаже и директорот на државниот завод за статистика. Јас најодговорно тврдам дека нашиот закон не е усогласен со Европското законодавство и тој закон е така скроен да се направи фалсификат. Во декември месец минатата година министерот за правда Бојан Маричиќ и директорот на државниот завод за статистика Симовски имаат упатено писмо, своерачно потпишано до ЕУ во кое укажуваат дека нашиот закон не е усогласен со Европските пописни стандарди. Македонија како држава не смее да дозволи уште еден фалсификуван попис, бидејќи ако го дозволиме тоа дефинитивно го губиме темелот на државноста“, вели Бачев и додава:
-Втората причина пак поради која баравме да се одложи пописот е пандемијата, затоа што со спроведување на пописот се загрозува здравјето на граѓаните. Посебно ме радува што македонците во дијаспората го прифатија планот на Националниот блок „Не отворам врата “ и масовно не се попишуваа, вели Бачев.
Според првиот човек на „Единствена Македонија“, од бројката што се споменува од околу 150 000 лица кои се попишаа во странство, околу 95% се албанци.
-Сега останува до септември да ги конципираме нашите политики, вели Бачев.
Бачев најавува дека „Единствена Македонија“ ќе настапи на локалните избори. Ние ќе имаме околу 50 советнички листи. Јас ќе бидам задоволен ако го повториме резултатот од 2017 год последните локални избори, и тогаш имавме трет изборен резултат со освоени 15 000 гласови и 12 советнички места.
Што се однесува до пандемијата, Бачев вели дека Владата многу лошо се справува со оваа состојба. Тој вели Оваа влада покажа дека нема капацитет да се справи со пандемијата.
Разговорот во Претседателот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев, во целост може да го погледните на следниот линк.