Министерот за внатрешни работи , Оливер Спасовски на прес конференција изнесе детали за акцијата во која се уапсени деветмина полициски службеници за фалсификување патни исправи, а по уште еден се трага.
Истрагата што траела повеќе од една година била во координација со Канцеларијата за истраги на Американската амбасада и Интерпол.
Вработените издавале патни исправи со лажен , туѓ идентитет на лица , странски државјани со податоци како да се македонски државјани , рече Спасовски. Тие ја злоупотребиле својата положба и овластување. Со вакви патни исправи се здобиле 215 лица, за кои немало биометриски податоци, а за пасошите се корстеле податоци земени од македонски државјани.
Меѓу нив имало и припадници на меѓународни криминални групи , на нарко картели и други криминалци, кои биле во датотеките на Интерпол.
„Ќе биде поднесена кривична пријава до 10 лица, од кои 9 се приведени. Тие утре ќе бидат предадени на надлежниот суд“, рече Спасовски.
Тој кажа дека имале обид за саботажа, но тоа не успеало. Вели дека е недозволиво застанувањето пред правдата, и дека имало лажни вести. За ова посочи кон ВМРО-ДПМНЕ.
фото: Архива