Филипче: За жал денеска имаме млада почината пациентка, родителите се согласија за донирање на нејзините органи
Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека денеска починала млада пациентка и од нејзините родители добиле согласност за донирање органи.
„Веројатно дека имаме потенцијал да се направи уште една трансплантација. За жал, имаме млада почината пациентка, а има согласност за донација на органи од нејзините родители, и се прават анализа дали може да се направи трансплантација и на срце, и на бубрези. Ако имаме можност трансплантација на срце, ќе биде истиот тим како претходниот пат кој ја направи минатата трансплантација“, рече Филипче.