На државната „Кардио хирургија“ околу 4 часот утрово зачука срцето кое ноќеска беше трансплантирано на момче од дваесетина години кое подолго време чекало донор за срце.

Во текот на вчерашниот ден починала млада пациентка која ги донирала органите, а во текот на ноќта извршена е трансплантацијата на срцето на младото момче кое живее со новото срце од 4 часот утрово.

Министерот вчера изјави дека починала млада пациентка и добиле согласност од нејзините родители за донирање органи.

– Веројатно имаме потенцијал за уште една трансплантација. Денеска за жал кај нас има млада почината пациентка, има согласност за донација на органи од семејството и сега се прават проверки и во однос ХЛА типизацијата за тоа дали може да се направи трансплантација и на срцето и на бубрезите. Ако се најдат соодветни реципиенти во текот на денешниот ден се ќе се заврши, рече Филипче.

Двата бубрега од починатата девојка ќе бидат трансплантирани врз пациенти кои долги години кроистеле третмани на дијализа, додека еден пациент кој се боли со канцер на коските ќе добие нова коскена срцевина.

Повеќе детали околу оој усех на државната кардиологија ќе се објават во текто на денот.