Има ли крај на Балканската Драма која во Србија се`уште трае, и сеуште го тресе Светот .
Имено, во викендичката во Рудник беа пронајдени траги од крв на скоро сите sидови и подови и истите биле испратени на анализа. Истрагата ќе утврди дали станува збор за човечки биолошки траги, но и на кого припаѓаат, секако врз основа на ДНК анализа, ни открива изворот за „Блиц“.
Полицијата со денови ја пребарувала куќата и собирала докази. “Имаше траги од крв во кадата во бањата, но и на теписите во спалната соба и дневната соба во куќата, како и во кујната” – открива соговорникот.
Исто така , Тој наведува дека допрва треба да се утврди дали некој бил убиен во неа или викендичката служела за криминална група за да ги чува киднапираните во неа.
Оваа издвоена од другите куќи, оградена е со дури две огради, а околу неа има само ниви и шума.
Инаку во куќата на стравот во населбата Ритопек, покрај крвта, пронајдена е и индустриска машина за мелење месо, како и траги од најмалку четворица мажи, кои се водат како исчезнати.
Куќата во Ритопек му припаѓала на Владо Драганиќ, кој бил уапсен како член на групата Беливук, додека викендицата во Рудник е во сопственост на човек на чиј внук полицијата стави лисици. Се сомнева дека внукот ја дал куќата на осомничените водачи на групата и дека тие ги носеле жртвите и на оваа планина, додава соговорникот запознаен со истрагата.
Покрај трагите од крв, во таа викендицата биле пронајдени остатоци од храна, како и други докази што биле земени и за да се утврди кои од припадниците на најопасните криминални кланови претстојувале во неа