По повод 1 мај-денот на трудот, во одделението за трансфузиологија во Струмица, Премиерот заедно со министерот за здравство се најдоа во просторијата за дарување крв каде што се организирала крводарителската акција.
За оваа прогода Филипче на својот ф.б профил напиша – Постапката е многу едноставна, а вработените во Трансфузија се љубезни и пријатни при целиот процес на дарување крв. По дадената согласност, следува здравствена проверка, а потоа во пријатна атмосфера со почитување на сите мерки за заштита од вирусот Ковид-19, ја завршивме оваа многу лесна постапка. Тој исто така порача дека дарувањето крв може да спаси живот, само едно ќесе крв може да го подобри здравјето на три до четири пациенти.
–Бидете хумани, дарувајте крв! Крводарителството е хумана човечка вредност – напиша Филипче.