Откако Апелациониот суд во Скопје ја одби гаранцијата поднесена од неговите бранители во висина од 1,7 милиони евра за да биде пуштен во домашен притвор, Орце Камчев сепак останува во Истражниот затвор – Скопје во притвор.
Според Судот гаранцијата која ја понудија адвокатите на Камчев не е доволна, бидејќи сѐ уште постоела опасност од бегство. Оваа Одлука судот ја донел вчера, со што осомничениот за случаите „Империја“ и „Плацевите на Водно“ останува во Истражниот затвор -Скопје
Адвокатот на Камчев, во телефонска изјава за Телма вели дека одлуката е донесена без да им се овозможи да бидат повикани на јавна седница, која е законски задолжителна кога се расправа по жалби за истраги и кривични дела како ова.
Само за постетување, Орце Камчев е осомничен за случајот „Плацеви на Водно“, за имот кој е поврзан и со експремиерот Груески во бегсво, како и за предметот „Империја“, за кој поранешното Специјално јавно обвинителство отвори истрага уште во ноември 2018 година. Перењето пари, злосторничко здружување и к.дело- измама се само дел од кривичните дела опфатени во оваа истрага.
Извор: Дојче Веле