Убиена 35 годишна жена во Охрид

Утринава во 08.20 часот во СВР Охрид, С.Д. пријавил дека во куќа во близина на болницата „Св.Еразмо“ во Охрид ја пронашол почината М.М. (35) од Охрид, со која живеел заедно во куќата.


– Лекар од Итна медицинска помош констатирал дека починатата имала повреда на главата, а по наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Како што дознаваме во просторијата во кампот во Андон Дуков во која пронајдено безживотното тело на Маријана М. имала повреди на главата и крв и траги на насилство, а искршен бил и телевизорот.