Утрово на состанок со Комисијата за заразни болести се донесени новите мерки кои ги предложив на Главниот координативен кризен штаб. Истите се донесени врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во државата.
➡️Да се скрати рестрикцијата на движење, односно полицискиот час да трае од 24 часот до 05 часот наутро.
➡️Угостителските објекти да работат до 23:30 часот, да се укине забраната за работа на фитнес центрите и теретаните.
➡️Органзирање на настани на отворено и затворено со почитување на протоколите од 2020 година, односно присуство на 30 % од целосниот капацитет.
➡️Капацитетот на градинките се зголемува на + 5 дечиња, односно од 15 на 20 деца во група.
➡️Здравствените работници ќе може да ги искористат старите и новите годишни одмори.