ДАЛИ ЦЕНИТЕ РАСТАТ ПОБРЗО ОД ПЛАТИТЕ

Во С.Македонија основната потрошувачка кошничка стигна до 34.000 денари, така што ниту една просечна плата, ниту пак две минимални плати не стигнуваат за да се задоволат потребите на едно четири члено домаќинство-кажуваат од ССМ.

Инаку, Според пресметките што ги прави ССМ секој месец, основните потреби на едно семејство за еден месец се зголемиле за над 200 денари.

Од синдикатот велат дека токму на ова предупредуваа и кога бараа повисока минимална плата која Владата и работодавачите ја одбија. Велат дека цените растат многу побрзо од платите. Тоа се случува во услови кога транспортот не е поскапен, што значи дека  трендот на поскапување допрва почнува. Од ССМ велат дека мора да се бара начин за зголемување на платите и тоа што побрзо.

Оние семејства кои имаат на располагање по 34.000 денари месечно, скоро 75% од приходите ги трошат на храна и сметки. Според пресметките на ССМ, тие најмалку трошат за одржување на здравјето или само 2% од приходот се наменети за тоа.