Граѓанската иницијатива „Учебници мора да има“ најави дека ќе организира протести низ градовите во внатрешноста, како и протестен марш во Скопје, бидејќи незадоволните граѓани не добиле одговори на нивните барања од страна на Министерството за образование.
Ресорното министерство потоа реагираше преку соопштение во врска со воведувањето на дигирализацијата на материјалите за учесње, што значи дека не ги прифатило барањата на иницијативата за повлекување на предлог-законот за учебници и негова ревизија преку јавна дебата.
– Важно е да се напомене дека дигитализацијата на материјалите за учење се воведува етапно. Започнува со четврто одделение наредната учебна година, а секоја наредна ќе се опфаќа ново повисоко одделение и ќе се заокружи во следните пет до шест години – се наведува во соопштението на МОН, во кое се додава дека законското решение предвидува оти училиштето е должно да обезбеди услови за секој ученик да има пристап до употреба на учебник.
фото архива