Јавна дискусија за подобрување на активни мерки за младинско вработување -Охрид

Коалиција на младински организации СЕГА, го имплементира проектот „Подобрување на активните мерки за младинско вработување” кој е финансиран и поддржан од Национална агенција за образовни програми и мобилност во Република Северна Македонија преку програмата Еразмус+ Клучна Акција 3, Структурен дијалог помеѓу млади и донесувачи на одлуки.

Проектот се спроведува во периодот од 01 март 2021 до 30 октомври 2021 година.

Овој проект е силно поврзан со решавање на невработеноста на младите, со посебен фокус на вклучување на маргинализираните групи, во согласност со приоритетите на Еразмус+ програмата и националните приоритети на Република Северна Македонија.


Цел на проектот е да се идентификуваат потребите за зајакнување на постојните политики и активни мерки за вработување на младите со посебен фокус на два аспекти – услови на виша сила (пандемија) и маргинализирани групи на млади и да се зајакне влијанието на младите и невладините организации со подготвен Документ со препораки за зголемување на вработеноста кај младите.


Во рамките на овој проект, предвидено е да се реализираат Локални дискусии со млади и претставници на институции во следните општини: Прилеп, Битола, Штип, Охрид, Кочани, Свети Николе, Тетово и Скопје во периодот од 10 – 17 мај 2021 година.


Јaвната дискусија беше согласно протоколите за заштита од ковид 19.