Од Денеска започнува вакцинацијата на пациенти со трансплантирани бубрези и кои се на дијализа, а по нивната имунизација следуваат оние со потешка форма на хронични болести на респираторниот систем.
Министерот за здравство, Венко Филипче соопштува дека во групата на потешко болни од хронични болести к ќе имаат приоритет при вакциниацијата, па и децата со цистична фиброза.
-За родители на деца со хронични болести направена е приоретизација на групите. Имаме контакт со сите здруженија во континуитет. Направен е список на околу 2.000 луѓе. Денеска ќе почне, а во понеделник или вторник веројатно ќе заврши вакцинацијата на пациенти кои се трансплантирани и се на дијализа. Тоа е првата приоритена група на пациенти кои имаат некаква форма на хронична болест. Потоа ќе следат сите пациенти кои имаат потешка форма на некаква хронична болест која може да го засега најпрво како приоритет респираторниот систем. Тука се влезени и децата, родителите со цистична фиброза, дел од пациентите со ретки болести и понатаму сите други, – рече Филипче
Тој исто така потенцира дека над 200.000 луѓе во различни возрасни групи се со хипертензија и тоа е на некој начин хронична болест, но не е приоритет. Има други поприоритетни групи. И викендов ќе работи Комисијата, a од следната недела веќе почнува и тој процес.