Почитувани граѓани, почитувани новинари, претставници на медиумите,
Ви благодарам што сте со нас денеска за време на овој 26 Конгрес на СДСМ. На сите вас новинарите и медиумски работници посебно.
Со задоволство сакам да соопштам дека денеска СДСМ одржа успешен 26. Конгрес, а веднаш потоа и прва седница на новоизбраниот Централен одбор на партијата.
Ја информирам јавноста за донесените одлуки, важни за натамошното функционирање на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија како локомотива за напредокот на македонската држава и како гарант за исправниот колосек кој води до подобра иднина на сите наши граѓани.
Темелот на новата политика, динамиката на постојани подобрувања, промените и новата енергија се обезбедени. Денес СДСМ покажа силно, одлучно, вредно, социјалдемократско единство – СДСМ повторно покажа одговорност и државничко однесување.
Направивме многу во изминатите четири години, за државата, за граѓаните и постигнавме значајни успеси за кои говорев на Конгресот.
Најважно:
Државата ја исправивме на прав пат, на патот на интеграциите, со членство во НАТО, со јасна посветеност на почетокот на преговорите со ЕУ, ја обезбедивме иднината, стабилноста, интегритетот и гордо го штитиме идентитетот наш македонски.
Парите ги вративме кај граѓаните, и продолжуваме да ги враќаме, економијата е силна и стабилна и продолжува да биде уште посилна и постабилна. Регформите во Правниот систем даваат резултат и расте секојдневно довербата во правдата.
Цела една генерација политичари се вградија во овие наши заеднички успеси, успеси на СДСМ коишто се успеси на нашиот народ.
Тоа е особина на државничките партии, да се вградат политичарите за доброто на државата, на граѓаните.
Секоја генерација политичари во своето време носи клучни одлуки за виталните национални интереси. Оваа генерација на СДСМ го положи тој државнички тест.
Нова политика значи и нови кадровски освежувања , спој помеѓу искуството и новата енергија.
Тимот што победува не се менува, туку самиот го надградува и унапредува победничкиот менталитет. Таквата особина ја имаат државотворните партии како СДСМ.
Почитувани,
На 26. Конгрес беше избрана и новата заменичка на претседателот на СДСМ. Тоа е нашата другарка, Сања Лукаревска.
Со нејзиниот избор, испраќаме уште една силна и недвосмислена порака: СДСМ е партија која гради човечки капацитети, родово рамноправна, партија која ја ги препознава и вреднува и младоста и квалитетот.
Сања е еден од најсилните поддржувачи и спроведувачи на Концептот парите кај граѓаните, но и на редот и дисциплината во фискалните политики.
Уверен сум дека високата поддршка која ја доби од делегатите ќе биде дополнителен мотив да одговори на предизвиците кои ги носи партиската должност која ќе ја извршува.
Денешниот, 26. Конгрес на СДСМ го изгласа предлогот за кадровско освежување на 2/3 од составот на Централниот одбор.
Новиот состав на Централниот Одбор е спој на искуството и новата енергија, содржи и континуитет но и нови лица, кои со своите лични биографии, носат нова прогресивна вредност на капацитетите на партијата.
Новиот состав на Централниот одбор е освежен, 2/3 од него се нови лица кои досега биле членови на највисокиот орган на партијата. Остантите, 1/3 веќе биле членови.
Со ова правиме значајно освежуваме на највисокиот орган меѓу два конгреса, но истовремено го задржуваме континуитетот и искуството.
Во составот на Централниот одбор се пресликани вредностите на СДСМ: за целосна родова еднаквост, за соодветна застапеност на младите, како и темелните вредности за заедништво преку концептот едно општество за сите.
Од 120 членови во новиот Централен одбор 60 се жени, 60 мажи – целосна родова еднаквост. Млади се 45 членови, што е застапеност од над 37,5 проценти, досега највисоко и кај нас во СДСМ и во било која друга партија во Северна Македонија.
Подмладен значи и подобар СДСМ, прв во промените, прв во вредностите, носител на новото време. Младите се движечка сила на секоја партија на секое општество.
СДСМ е партија на сите граѓани и таа наша разноликост, таа наша уникатна вредност ја покажуваме и ја вреднуваме и на овој начин.
Покрај тоа што имаме членови на ЦО коишто се Македонци имаме и припадници на албанската, турската, ромската, бошњачката, српската, влашката етничка заедница.
Она што сакам да нагласам е дека во новиот состав на ЦО имаме и личности кои се докажале во своите полиња на делување, но досега не биле дел од структурите на партијата.
Инженери, економисти, информатичари, правници, лекари, стоматолози, социолози…
Бидејќи на здравјето на граѓаните и на здравството сме особено посветени и за нас е исклучително важно во новите органи имаме и повеќе доктори, медицински лица, специјалисти.
Новиот состав на Централниот одбор е доказ дека СДСМ продолжува да се менува, но и дека сме секогаш први во промените.
Нова политика значи и нови вредности, поставуваме нови стандарди во политичкото дејствување, нешто што е треба да е пример за сите политички субјекти во државата.
Овој состав е нова свежина, нова енергија и младост и гарант дека промените во СДСМ не се ниту случајни ниту стихијни, туку дека тие се континуитет со кој уште подобро и уште повеќе, посветено им служиме на граѓаните и државата.
Почитувани,
Овој нов, освежен и секако подмладен состав на Централниот Одбор денеска ја одржа и својата конститутивна седница.
На седницата беа избрани претседавач на ЦО, членови на ИО на СДСМ генерален секретар, организационен секретар, секретар за меѓународна соработка како и четири потпретседатели на партијата. За претседавач на ЦО е избран Перо Костадинов, актуелниот градоначалник на Валандово.
И во овие извршни органи имаме подновувања, освежувања, нова енергија и искуство, односно континуитет.
За членови на ИО се избрани:
Ана Данева Маркова, Стефан Богоев, Нина Фити, Димитар Ковачевски, Милена Стефановиќ, Костадин Костадинов, Адријана Будимир, Благоја Бочварски, Рената Јајоска, Петре Шилегов, Софија Пејкова, Мухамед Зеќири, Мелиса Ценовска Серафимовска, Никица Бачовски, Тања Томиќ, Дарко Каевски, Јована Тренческа и Васко Ковачевски .