Општина Охрид денес започна акцијата на пополнување на ударните дупки низ охридските улици. Најпрво се санираат дупките низ централните градски улици, “Партизанска“ и “Димитар Влахов“, по што ќе следи санација на оштетените делови на “7 –ми Ноември “,“Бекир али Риза “ и на останатите улици низ Охрид каде има потреба од ваков зафат. Во акцијата бехатон плочките се отстрануваат а на нивно место се става асфалт. Со проектот е предвидено асфалтен материјал да се стави на површина од околу 1 500 квадрати.