1 час паркинг во Премиум зоната – 100 денари

Почитувани,
ЈП Билјанини Извори ги известува сите граѓани, институции, корисници на градскиот паркинг простор со кој ние стопанисуваме дека од денес 1 јуни започнуваме со наплата на јавниот паркинг согласно одлуката на Советот на Општина Охрид за утврдување на цени за користење на паркинг просторот во летниот период (1 јуни – 31 август). Според одлуката цените за паркирање на јавните паркиралишта за 3-те степени на ограничување (3 зони на паркирање) на подрачјето на Општина Охрид за еден час паркирање за време на горенаведениот период ќе изнесуваат :

  1. Зона А – 40 денари
  2. Зона Б – 30 денари, и
  3. Зона премиум – 100 денари