Ахмети – нов начин на водење политика и директно дејствување
По повод 19 роденден на партијата, на денешното обраќање на лидерот на Демократската унија за интеграција-Али Ахмети, како дел од неговиот говор се издвојува неговата изјава за новиот начиин за водење на политика односно начинот како тој и неговите соработници веќе се фокусираат целосно на квалитетот на животот, условите за живот, развојот, квалитетно образование и здравство, неселективна правда, дигитализација, социјални политики, инфраструктура, економија и животна средина.
Младите бараат услови за живот како нивните врсници на запад, работни места како и модерна животна средина, рече Ахмети, а на почетокот од своето обраќање, присутните ги поздрави на македонски јазик.
Во говорот тој ги нотираше проектите и активностите кои ДУИ ги реализираше во текот на своето постоење.
„Воспоставивме еднаквост преку целосна имплементација на Охридскиот мировен договор, легализација на високото образование на албански јазик, децентрализација, национални симболи и култура, албански јазик, правична и соодветна застапеност, интеграција во НАТО, добивањето зелено светло за членство во ЕУ, заедно со многу други предности на нашите граѓани”, рече Ахмети.