ЦРВЕНО-ЖОЛТИТЕ ТРГНАА ЗА БУДИМПЕШТА

Македонската фудбалска репрезентација во 10 и 30 полетаа од скопскиот аеродром и се во целосен состав по добиените негативни тестови на коронавирусот.

Фудбалерите избрани од селекторот Ангеловски последните пет дена од подготовките ќе ги поминат во Букурешт каде што ќе ги одиграат и првите два натпревари од континенталниот шампионат.

„Црвено жолтите“ на европското првенството се наоѓаат во Ц-групата. на 13 јуни е првиот меч против Австрија, а на 17 јуни се среќаваат со Украина. Последниот натпревар од групата ќе го играат во Амстердам, против репрезентацијата на Холандија