Љупчо Николовски e избран за шеф на Централниот штаб на СДСМ за локалните избори

На денешната седница на Централниот одбор на СДСМ-Љупчо Николовски е избран за Шеф на Централниот изборен штаб за претстојните локални избори.

На денешната седница на Централниот одбор на СДСМ, после подолго време со физичко присуство, почитувајќи ги мерките за заштита на здравјето – Љупчо Николовски е избран за Шеф на Централниот изборен штаб на СДСМ за локалните избори.

Машината којашто победува е во погон! – напиша СДСМ на својата официјална фејсбук-страница.