По вчерашната изјава на отец Здравески кој предизвика бурни реакции во јавноста заради упатениот повик на верниците да не се причестуваат кај свештеници кои примиле вакцина. Кај отецот се појавил сомнежот за вакцините против Ковид-19 заради составот на вакцините за кој прочитал на интернет.
„Во вакцините има клетки од абортирани дечиња. Црквата е против абортусот и ако мислиме само на нашиот живот и се вакцинираме, а за тоа пострадале невини суштества во утробата на својата мајка и тоа не по нивна воља туку по воља на некој друг. И сега тие се жртва за ние да се вакцинираме и да примиме здравје. Јас сум против тоа. И секој што се вакцинира го прифаќа и одобрува абортусот. Тоа е една од причините, а ги има многу. Друга причина е што тие што повикуваа на намалување на населението, сега гледаме како вложуваат во вакцините“, изјави за Сител отец Здравевски.