Бројот на новозаболени од вирусот и вчера беше двоцифрен. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 28 случаи на заболени од Ковид-19. Пет лица починаа, а оздравеле 23 пациенти.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, вчера беа направени вкупно 2.619 тестирања, а регистрираните нови случаи се од Скопје – 16, Куманово – 9 Тетово – 2, и еден во Прилеп.
Според податоците што ги објави вчера МЗ за претходното деноноќие, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 125 и има околу 500 празни болнички кревети во ковид центрите. Во ковид центрите во Скопје немало хоспитализирани нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а 48 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Во ковид центрите во болниците низ земјава, пак, е пријавено дека се лекуваат вкупно 77 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
Поради намалениот број болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 821.365 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 155 469. Бројката на оздравени пациенти е 149 551, а починаа 5 467