Изразувам силна поддршка за одлучната акција за отстранување на бесправно изградените објекти на охридското крајбрежје што ја спроведува Општина Охрид и Константин Георгиески – Градоначалник на Општина Охрид.Правната држава става крај на хаосот и импровизациите на територијата на Охридскиот Регион и на езерското крајбрежје прогласено за светско наследство, заштитено од УНЕСКО, со цел да го реафирмираме владеењето на правото и да го подобриме квалитетот на живот на граѓаните.Сите се еднакви пред законите и сите мора да ги почитуваат, а ова особено е важно кога е во прашање заштитата на вредностите на светското наследство.Општина Охрид презема храбри и конкретни чекори кои сите треба да ги поздравиме. Се надевам дека наскоро ќе може да ја поздравиме и одлучноста на Komuna e Strugës / Општина Струга / Municipality of Struga. напиша во својата ФБ објава Заев.