Комисијата за заразни болести предложи ново олабавување на мерките за заштита од ковид 19.
„Утрово на Комисијата за заразни болници се донесоа следните одлуки кои ќе бидат предложени до Кризниот штаб. Од среда, 16 јуни: Да се укине целосно полициски час. Епидемиолошката состојба е стабилна и го дозоволува ова. Да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави. Да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица.“, напиша Филипче на Фејсбук.
Останува да видиме дали од кризниот штаб ќе дадат зелено светло за горенаведените мерки.