Назиф Ајроски (40) е уапсен во албанскиот пристанише на градот Драч, откако во камионот со кој превезувал железо била открена колична од 300 килограми кокаин, според соопштението на албанската полиција.
Со скенер на втората линија на контролата откриена е дрогата и тоа пред возилото да влезе во траектот кој пловел на релација Драч-Наполи. Во соопшетнието Не се наведува какви сообраќајни ознаки имал камионот.
Кокаинот бил во кутии со логоата на Чикаго булс, Пари Сен Жермен, Кензо и Диор, а бил скриен внатре во шасијата на камионот.
Според првичните информации, камионот тргнал од Белгија и преку Србија и Македонија на албанска територија влегол преку преминот Ќафасан кај Струга. Пред да стигне во Драч тој на албанска територија останал два дена и токму движењето на возилото било причина полицијата да се посомнева.
Засега Уапсениот негира дека знае било што околу дрогата. Освен албанската во истрагата ќе биде вклучена и македонската полиција.