УТРЕ ПРИСТИГНУВААТ 500.000 ВАКЦИНИ „СИНОВАК“


Министерството за здравство попладнево соопшти дека утре на меѓународниот аеродром во Скопје треба да пристигнат 500-те илјади вакцини од кинескиот производител „Синовак“.

Според најавите, оваа пратка вакцини ќе ја пречекаат државната секретарка во Министерството за здравство Иванка Стојаноски и кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо.

Вчера попладне пристигнаа и 100.620 дози од вакцините „Фајзер“ што се набавени преку Ковакс системот.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера на својот фејсбук профил најави дека во текот на следните денови вакцинацијата ќе се одвива со забрзано темпо и оти ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани преку сајтот vakcinacija.mk.