Свадбите беа забранети лани на 23 јуни, поради високите дневни бројки на заболени од ковид-19.
Свадби во затворени простории ќе бидат дозволени од четврток, 1 јули со максимум 250 гости, одлучи Владата на денешната седница.
Свадбите, крштевките и родендените беа забранети лани на 23 јуни, поради високите дневни бројки на заболени од ковид-19.
Како што објави на својот фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши, Владата го прифатила предлогот на Министерството за економија, да се дозволи организирање на свадби и во затворени простории со максимум 250 лица, но не повеќе од 40 отсто од капацитетот на просторот
На предлог на Комисијата за заразни болести од 1 јуни е дозволено организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата.
На новинарско прашање кога ќе се дозволат свадби во затворен простор, министерот за здравство Венко Филипче вчера кажа дека постои огромен притисок од лицата кои сакаат да организираат свадбени прослави но дека епидемиолозите се поделени по ова прашање.
Во земјава во моментов има 221 активен случај на ковид-19.