Во Охрид денеска попладне ќе преовладува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а понекаде во котлината се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме со град. Максималните температури ќе се движат до 27 степени.
И изминатата ноќ преовладуваше нестабилно време со врнежи од дожд. УХМР за утре прогнозира дека околу пладне ќе има услови за изолирана и краткотрајна нестабилност, а потоа до петок следува период на стабилно и многу топло време.