СПАСИТЕЛИ НА ВОДА ПАТРОЛИРААТ НА СЛОБОДНИТЕ ОХРИДСКИ ПЛАЖИ

На барање на Локалната самоуправа  и  градоначалникот Константин Георгиески,  Црвен крст Охрид ангажира тим на спасители на вода  на охридските плажи кои годинава  по долг временски период се слободни  за сите посетители и уредени од Општина Охрид.

Спасителите  почнувајќи од  13 јули годинава   секојдневно  вршат патролни обиколки со спасителен чамец на вода, со велосипеди или пеш на копно, на капалишта на Охридското Езеро . Секој ден во периодот од 11 до 19 ч. спасители на вода  патролираат на потегот од плажа Горица 3,  плажа Славија,  плажа „Акапулко“, плажа Лагадин , плажа „Корали“ и  интервенираат во случај на потреба.

За време на викендите и празниците, кога се очекува зголемен број на посетители на капалиштата,  тимот на спасители ќе биде придружуван и со тим на парамедици кои ќе укажуваат прва помош во случај на потреба. Црвен крст Охрид свои спасители на вода има поставено и на плажата  кај манастирскиот комплекс  Св. Наум,  на плажата кај  АК Љубаништа,  на плажите: Градиште 1 и 2,  Оревче,  Десарет,  Метропол- Белви,  „Инекс, „ Голден“ и на базенот во СРЦ „Билјанини извори“.

Од Црвен Крст  Охрид апелираат  до сите посетители, корисници на капалиштата, до издавачите на пловни реквизити (педалинки, кајаци и сл.) да се придржуваат на препораките и мерките за безбедно одвивање на капење, спорт и рекреација.