Рустеми: Од Скопје до Охрид ќе се вози со 130 километри на час

Оваа година ќе започне изградбата на коридорот 8, а до крајот на 2025 ќе имаме автопат до граничниот премин Ќафасан, најави директорот на ЈП Државни патишта Ејуп Рустеми. Тој очекува градежните работи да се реализираат во предвидените рокови.

-Сега се отвора патот Владата да формира комитет кој треба да започне преговори со компанијата Бехтел и Енка, за да имаме договор за почеток на работата на овие делници што е предвидено и со законот кој вчера помина во Собранието на Северна Македонија. Врз основа на овој закон се предвидува да се комплетира коридорот 8 почнувајќи од Тетово до Гостивар, бидејќи сегашниот автопат Тетово –Гостивар не ги исполнува условите според европските стандарди – истакна Рустеми на ТВ 21.