На сите граѓани кои го чествуваат празникот, им го честитам големиот муслимански празник Курбан Бајрам. Овие свети денови нека бидат исполнети со дух на трпение, дарежливост, со желба за меѓусебна почит, разбирање и солидарност.
Величественоста на празникот Курбан Бајрам нè потсетува на суштината на човечкото постоење, на најскапоценото нешто за сите нас – на грижата за здравјето и зачувувањето на животот и грижата за најблиските. Нека биде празникот и поттик, во периодот што следи масовно да се вакцинираме како најефикасно средство во борбата против пандемијата со КОВИД-19 и така заедно да успееме најбрзо и најбезболно да се заштитиме и да ги пребродиме нејзините последици.
Во духот на вековната традиција на соживот и разбирање во нашата земја, дозволете да ви посакам празничните денови ги поминете во добро здравје и духовна сила!
Нека биде благословен и честит празникот Курбан Бајрам!