ОТВОРЕНО ПИСМО: …И, ЕГИПКАНИТЕ БАРААТ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД УСТАВНАТА ПРЕАМБУЛА

Египканите во Македонија, во континуитет бараат да се реализира нивното легитимно барање, а тоа е да бидат спомнати во Уставната Преамбула, но за жал, до ден денес, Египканите се позициониран во категоријата ,,и други,,. Сите помалубројни заедници, чии припадници се лојални грагани на Македонија, заслужуваат да бидат составен дел од Уставната Преамбула, бидејки истата, иако има само декларативен карактер, е извор на повекеслојна ДИСКРИМИНАЦИЈА. Токму, поради неспомнувањето во Уставната Преамбула, денес немаме соодветна и правична застапеност на Египканите во институциите на системот, имаме сериозни проблеми при изјаснување на нашата етничка припадност, дносно сме позиционирани во категоријата,,и други,, нема ниту 1 деклариран а вработен Египканец согласно содржината, духот и принципите на Охридскиот Рамковен Договор, и сето тоа не се цивилизациски придобивки, и токму затоа Египканите се грагани од 5 ти ред во Македонија.Неопходно е, ако сакаме да бидеме дел од ЕУ, треба да се отвори највисокиот правен акт-Уставот и да бидат спомнати сите помалубројни заедници , а тоа би преставувало имплементирање и на начелото на РАМНОПРАВНОСТ И ЕДНАКВОСТ. Тоа, право не треба да им се ускрати на граганите во Македонија, без разлика дали се Египкани, Бугари,Црногорци, Хрвати, Торбеши….Нашата битка трае уште од осамостојувањето на Македонија, и од истата немаме намера да се откажеме, бидејки тоа е наше неприкосновено право , а подрка имаме и од ЕУ, како и земјите ченки на ЕУ, истакна Дипл.правник Демир Далип