По наредба на преодниот премиер Стефан Јанев, Бугарија испраќа поддршка за Република Македонија за справување со пожарите.
Од прес-службата на бугарскиот Владин кабинет, соопштија дека Бугарија ќе ја поддржи Македонија преку механизмот за взаемна помош, а за гаснење на катастрофата во Кочани и Делчево, бугарската Влада планира да испрати 25 пожарникари, три противпожарни возила и уште две амбулантни возила.