Центарот за управување со кризи ќе достави барање до ЕВН за компанијата да ги провери нивните инсталации. Според Директорот на ЦУК една од причините за новонастанатите пожари низ земјата е искрење на жици.
„Во тек е изработка на барање до ЕВН со кое што тие треба да ги проверат нивните жици, бидејќи во неколку случаи е утврдено дека пожарот е настанат со искрење на жици на бандери или на делоководи. Доволно е само една искра да падне на земја за да предизвика пожар.
Онаку каде што има такви несигурни жици ние апелираме до граѓаните да пријават. Во текот на вчерашниот ден јас бев на местото на неколку пожари. Во кумановскиот регион имаме сведоци кои што виделе искрење на жици и пожарот во Богословец е запален од искрење на жици. ЕВН да се обидат секаде каде што ќе добијат ваква пријава да превземат мерки“, порача Ангелов.
Од Центарот за управување со кризи побараа поддршка од граѓаните за справување со пожарите и апелираа во наредните денови да се воздржат од правење скари и палење огнови на отворено.
„Ги молиме пушачите да ги гасат цигарите, а не да ги фрлаат отпушоците“, апелираа од ЦУК.